Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ПРЕМИЕРОТ МУ ГОДАТ ПОСНИТЕ ЈАДЕЊА - беше на славата Свети Никола кај семејството Спасовски од Радовиш

НА ПРЕМИЕРОТ МУ ГОДАТ ПОСНИТЕ ЈАДЕЊА - беше на славата Свети Никола кај семејството Спасовски од Радовиш

Премиерот Димитар Ковачевски ја користи секоја прилика да покаже дека е меѓу обичниот народ и своите сограѓани.

Вчерашната најмасовна слава Свети Никола, тој се реши да ја помине со едно семејство од Радовиш, и таму да вкуси од убавите посни специјалитети што се сервираат на таа слава. 

„Денеска големиот празник Свети Никола го одбележавме заедно со семејството Спасовски во Пробиштип, кое има и слава и именден.

Им благодарам за гостопримството и пријатната атмосфера во нивниот дом. Задоволство е да се биде со трите генерации на ова прекрасно семејство со трпеза полна со превкусни посни јадења и срце полно љубов за сите.

Нека е за многу години денот. Честита слава на сите кои го празнуваат Свети Никола Чудотворец“, напиша вчера премиерот Ковачевски на својот фејсбук профил. 

Инаку, ова не е прв пат премиерот да сака да испробува разни специјалитети од наши ресторани, ќебапчилниоци, сендвичарници... Исто така, тој реши да ја испроба храната и во една работничка менза, студентски дом, и неколку киосци за брза храна.


Слично

Поврзани вести