Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НА ПРАВНИЧКАТА ОД КОЧАНИ, ЈАВНО И СЕ ИЗВИНУВАМ ЗА НЕНАМЕРНО НАНЕСЕНАТА ПОВРЕДА“: Акиов се извини, а правничката од денес е на домашно лекување

„НА ПРАВНИЧКАТА ОД КОЧАНИ, ЈАВНО И СЕ ИЗВИНУВАМ ЗА НЕНАМЕРНО НАНЕСЕНАТА ПОВРЕДА“: Акиов се извини, а правничката од денес е на домашно лекување

Советникот на Партијата за демократски просперитет на Ромите, Аки Акиов, на неговиот фејсбук профил се извини за инцидентот на седницата на Советот на Општина Кочани, кога во афектна состојба, со пластично шише удри во лице вработена во општината.

„Почитувана јавност, јас не сум ,,Го*нар" јас сум борец за правда.

По однос на видеото од денешната седница на совет во о.Кочани кое актуелно циркулира на социјалните мрежи каде притоа јас со моето однесување сум окарактеризиран и јавно осуден за главен виновник во деградацијата на функцијата советник Ром, сакам да изјавам дека:

1. Правото на говор на советниците е непречено право по деловник за работа на советите во општините во Р.С Македонија. Некултурно, крајно неодговорно, нехумано и деградирачки е постојано да се прави хистерија во советничката сала преку урлање, барање паузи, дофрлување навреди на лична основа среде секое мое излагање на вистината што на ВМРОВЦИТЕ не им иде во прилог.

2. Немањето емпатија со родителите на загинатите деца како и самосвест и доблест за признавање а не префрлање вина за трагедијата повторно заради истата цел - да се зачува политичкиот рејтинг пред локалните избори на ВМРО е голема срамота. Денес чашата беше прелеана од советникот Алексов кој што го испровоцира целиот настан својствено за него.

Јас не калкулирам со мојот авторитет и рејтинг. Јас не сум ,,Го*нар", јас сум борец за правда.

На Правничката од о.Кочани јавно и се извинувам за ненамерно нанесената повреда“, објави Акиов.

Инаку, правничката Анна Кралева која вчера од Акиов беше погодена со шише во глава, од денес е на домашно лекување. Таа била примена во КБ Штип каде и е препишана соодветна терапија.



Слично

Поврзани вести