На повидок е решение за проблемите за кои се пожали докторката од Куманово
На повидок е решение за проблемите за кои се пожали докторката од Куманово, Гордана Николиќ, која се зарази со Ковид 19 на работа.
Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека надлежните веќе разговарале на луѓето кои професионално заболеле да добијат цела плата, да нема кратење, а за партиципацијата исто се бара решение. Тука првенствено се мисли на здравствените работници.
Докторката во својата објава на Фејсбук ги праша надлежните како спијат, откако ја скратиле нејзината плата. Наведе дека си плаќала партицијација за во болница и за во лабораторија.Сите респораторни вируси се враќаат во есенските месеци, рече министерот за здравство, Венко Филипче за тоа дали наесен може да имаме нов бран.
Вели дека тогаш дополнително би било посложено со одредена бројка на заболени од сезонски грип.
Во таа смисла, министерот вели дека преземаат подготовки.
Слично
