Економија, финансии, бизнис

Контакт

На повеќе патишта во државата има прекин на сообраќајот

На повеќе патишта во државата има прекин на сообраќајот

АМСМ соопшти дека патниот правец Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори e во прекин поради нанос на коловозот. 

Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

Дождот во Струмичко предизвика штети на повеќе локации, а најсериозно е во општина Ново Село.

На патниот правец Крак Маврово – Жировница и патниот правец Тетово – Попова Шапка, има дополнителна забрана за камиони и автобуси, а за останатите е задолжителна употребата на зимска опрема.

Патниот правец Македонски Брод – Скопје (кај с.Близанско) е блокиран за сообраќај за сите возила, поради одрон на патот.

Патниот правец Куманово – г. п. Белановце, помеѓу с. Алашевце и с. Извор е затворен за сообраќај за сите видови на возила поради замрзнат пат.

Поради голем број на одрони на патните правци Делчево-Кочани, Делчево-Пехчево и Делчево-г.п.Делчево се препорачува да не се користат овие патни правци без поголема потреба.

Слично

Поврзани вести