На повеќе локации навредливи графити
Навредливи графити се појавија на повеќе училишта каде се гласа.
Околу 6.10 часот е пријавено дека на локален пат село Петровец – село Катланово во близина на училиштето ,,Кочо Рацин“ во село Петровец се испишани графити во врска со референдумот.
Во 5.55 часот е пријавено дека на училиштето „Александар Здравковски” во село Јегуновце, Тетовско бил испишан графит во врска со референдумот.
Во село Прибилци, Општина Демир Хисар, имало графит со навредлива содржина, забележаа од МОСТ.
Слично
