На пописот најголем одзив има во Швајцарија
На пописот најголем одзив има од дијаспората во Швајцарија.
По Швајцарија, следат Германија и Италија, а помал број самопопишани има во САД, и Австралија. Вкупниот број на оние кои се попишале на веб апликацијата до утринава во 9 часот е 121.580. За само еден ден има најмалку 20.000 попишани. Пописот почна на 1 март во дијаспората. Другите граѓани ќе треба да се попишат во периодот од 1 до 21 април. Албанските политичари лобираат за што полем број попишани македонски државјани во странство. И премиерот Зоран Заев повика граѓаните кои се во странство да се самопопишат затоа што тоа е патриотски чин. Преку веб-страницата https://stat.gov.mk тече самопопишувањето на дијаспората.
Слично
