На полноќ завршува собирањето потписи за претседателските кандидати
Тројца кандидати засега се сигурни во претседателската трка .
Собирањето на потписи ќе запре вечерва на полноќ а на избори дефинитивно одат Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река.
Стево Пендаровски кој е консензуален кандидат од 31 политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ и на ДУИ доби поддршка од над 60 пратеници .
Заедничкиот кандидат на 31 политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ и на ДУИ, доби поддршка од над 60 пратеници во Собранието но, покрај потписите од пратениците до вчера во канцелариите на ДИК низ земјава собра над 32.000 потписи од граѓани.
СДСМ на конгрес го потврди изборот на Стево Пендаровски за претседателски кандидат. Од 783 присутни делегати, 712 едногласно, без против и воздржани, гласаа за Стево Пендаровски.
Околу 16.000 граѓани се потпишаа за Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова .
Иако професорката ја доби довербата од мнозинството делегати на ВМРО-ДПМНЕ за нивен претседателски кандидат, сепак, побара поддршка и од граѓаните, за како што рече, да покаже дека е надпартиски кандидат.
Потписи за да учествува на претседателските избори собра и Блерим Река, кого го поддржаа Алијансата за Албанците и Движењето Беса.
Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.
