На полноќ започна референдумскиот молк
Референдумскиот молк започна во Македонија.
Тој стапува на сила 48 часа пред денот на гласањето, односно на 28-ми септември 2018 година (петок) и завршува со затворањето на гласачките места во 19 часот на 30-ти септември 2018 година. Додека трае молкот треба да престанат сите облици на јавна пропаганда поврзана со референдумот.
Државната изборна комисија ги достави изборните материјали до општинските комисии, како и гласачките ливчиња и печатите.
Вкупно 1.725.913 граѓани имаат право на глас, а за да се постигне цензусот на гласање треба да излезат 862.957 гласачи.
Гласањето започнува во недела во 7 часот, а затворениците, болните и раселени лица гласаат во сабота.
Слично
