Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ПОЛНОЌ ПОЧНУВА КАМПАЊАТА: Учествуваат 19 политички партии и коалиции, но и неколку листи на независни кандидати

НА ПОЛНОЌ ПОЧНУВА КАМПАЊАТА: Учествуваат 19 политички партии и коалиции, но и неколку листи на независни кандидати

На полноќ официјално почнува кампањата за локалните избори закажани за 15 октомври. 

Кампањата ќе трае до 13 октомври. Кандидатите за градоначалници денеска потпишаа Кодекс за одржување слободни и демократски избори, преку кој се обврзуваа дека ќе ја почитуваат законската регулатива во текот  на организирањето и спроведувањето на изборите. Со Кодексот се предвидува политичките партии да не вршат притисок врз вработените во јавната и државната администрација и останатите институции финансирани од буџетот на државата. Кодексот за слободни и демократски избори го потпишаа речиси сите кандидати вклучувајќи ги и тие кои се во трка за градоначалник на Скопје. 

Од Државната изборна комисија потврдуваат дека се подготвени за изборите.  На локалните избори  ќе учествуваат 19 политички партии и коалиции, но и неколку листи на независни кандидати за општински советници.

Слично

Поврзани вести