Економија, финансии, бизнис

Контакт

На подрачјата на Тетово и Гостивар се откриени седум неисправни автобуси

На подрачјата на Тетово и Гостивар се откриени седум неисправни автобуси

Припадници на СВР Тетово oд 9 до 15 часот открија седум неисправни автобуси. 

Сообраќајната полиција на подрачјата на Тетово и Гостивар спровеле засилени контролни мерки со кои биле опфатени автобуси кои вршат јавен превоз. 

„При контролата, откриени и санкционирани се седум технички неисправни автобуси од кои шест на тетовско и еден на гостиварското подрачје. Од нив, четири во Тетовско и едниот во Гостиварско имале неисправни сопирачки, додека преостанатите неисправен уред за управување и недостиг на опрема-ПП апарат“, информира порпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и против возачите и фирмите, правни лица, ќе има соодветни поднесоци.

Вчера во Бугарија во автобуска несреќа загинаа 45 македонски граѓани. 

Слично

Поврзани вести