На пет поранешни градоначалници им се заканува притвор
Петтмина поранешни градоначалници ја злоупотребувале службената положба така што доделувале договори, склучувале набавки и ја злоупотребувале постапката за јавен повик.
Ова денеска го обелодени Основното обвинителство кое информираше дека Управата за финансиска полиција доставила пет кривични пријави против поранешни градоначалници.
Станува збор за градоначалници на општините Струга, Свети Николе, Дебар, Студеничани и Долнени, како и против едно физичко и едно правно лице.
„Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство од член 275-в од Кривичниот законик“, соопшти ОЈО.
Од обвинителството велат дека се работи на проучување на кривичните пријави по што следува ОЈО да се произнесе по нив .
Доколку бидат прифатени кривичните тогаш градоначалниците се соочуваат со мерки за притвор или поблаги мерки.
