Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ПЕНДИКОВ ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ МУ ПРАВАТ ОПЕРАЦИЈА - бугарските медиуми јавуваат дека е на интензивна нега

НА ПЕНДИКОВ ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ МУ ПРАВАТ ОПЕРАЦИЈА - бугарските медиуми јавуваат дека е на интензивна нега

Тешкоповредниот Христијан Пендиков од Охрид е на интензивна нега на ВМА во Софија и неговата состојба е умерена, јави bTV.

Неговата операција е закажана во понеделник, а според бугарските медиуми Пендиков има скршени ребра, скршена вилица и напукнат вратен пршлен.

Христијан Пендиков, кој е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, бил претепан во четвртокот вечерта во градот и тој вчера со бугарскиот владин авион „Фалкон“ беше пренесен на лекување во Воено – медицинската академија во Софија.

Слично

Поврзани вести