Економија, финансии, бизнис

Контакт

На патот кон ЕУ Македонија и Албанија ќе бидат раздвоени?

На патот кон ЕУ Македонија и Албанија ќе бидат раздвоени?

Македонија и Албанија можно е да бидат раздвоени на патот кон Европската Унија. 

Амбасадорите на Европската Унија веројатно и викендов ќе работат на усогласување на заклучоците  што треба да се најдат на Советот за општи работи во вторник во Луксембург.

Зклучоците се однесуваат на Македонија и на Албанија. МИА од Брисел, повикувајќи се на дипломатски извори јавува дека и натаму сите опции се отворени:од тоа Македонија и Албанија да бидат одвоени до тоа септември да се одреди како меѓник до кога би се оддолжувала одлуката за датум за преговори со земјава.

Последната верзија за  Македонија и за Албанија гласи дека земјите членки на ЕУ ќе се навратат на прашањето со изгледи за носење позитивна одлука во најкус можен рок и не подоцна од септември, јавува МИА повикувајќи се на дипломатски извори.

Албанија со месеци ја „тресат“ протести и немири. 

Слично

Поврзани вести