Економија, финансии, бизнис

Контакт

На пат кон Скопје пациент почина во расипано возило на брза помош

На пат кон Скопје пациент почина во расипано возило на брза помош

„Двајца пациенти од Крива Паланка вчера биле испратени со возило на брза помош од Крива Паланка за Скопје.

Па пат комбето останало во дефект.

Додека се чекало да се отстрани дефектот на скопска патарина, и двајцата пациенти починале и не успеале да стигнат до Ургентниот центар во Скопје.“

Овој меил стигна до редакцијата на фактор и повеќе медиуми во текот на вчерашниот ден.

Информацијата ја потврдил и в.д. директорот на Здравствен дом Крива Паланка Јоцко Стефановски за веб порталот САКАМДАКАЖАМ.МК.

Во изјава за овој медиум Стефановски рекол  дека еден пациент бил во многу тешка состојба и дека дефектот на амбулантната кола не е причина за неговата смрт.

“Двајца пациенти во критична состојба се примени во нашата служба за итна медицинска помош, кои веднаш се препратени во Кумановската болница. Таму починал еден од пациентите, а вториот кој исто така бил во критична состојба е препратен во Скопје. На патот за Скопје настанал дефект на возилото, за што утре детално ќе се знае дали откажалче кочниците или пукнала некоја сајла. Среќа што возачот го стабилизирал возилото и успеале да застанат. Дефектот настанал откако ја поминале наплатната рампа кај Романовце. И овој пациент кој бил во тешка здравствена состојба починал. Веднаш е побарана помош од Куманово и Скопје, Од Скопје стигнало возило но за жал пациентот веќе починал. Невкусно е да се коментира дека пациентите починале поради тоа што се случил дефект на возилото. Како што ми пренесоа дежурните лекари и двајцата пациенти биле во многу тешка состојба. Едниот е повозрасен пациент, кој имал симптоми на гушење, а вториот претходно бил на пресадување бубрег и веројатно нешто му се искомплицирало. Но ова се неофицијални информации, утре ќе имаме комплетна слика што се случило“, вели Јоско Стефановски, в.д. директор на Здравствен дом Крива Паланка.

Тој рекол дека нему му јавиле околу 16 часот дека возилото има дефект и дека бараат помош и друго возило.

Слично

Поврзани вести