Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Пандев му ја откорнале ѕвездата за тројната круна на струмичкиот плоштад

На Пандев му ја откорнале ѕвездата за тројната круна на струмичкиот плоштад

Од Плоштадот во Струмица разбојници денеска ја искорнале и украле плочата со ѕвезда на најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев.

Ѕвездата е поставена во 2010 година кога Пандев ја освои тројната круна со италијанскиот Интер, односно титулита во Лигата на шампиони, Серија А и италијанскиот куп во една сезона. Истата година кога е изграденсе изгради новиот струмички плоштад и ѕвездата беше вметната во негова чест.

Од општина Струмица го осудуваат вандалскиот чин на крадење на ѕвездата на нашиот фудбалер Горан Пандев и случајот го пријавиле во полиција.


Слично

Поврзани вести