Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ПАЛЧО МУ Е ОДРЕДЕН ПРИВРЕМЕН ЗАТВОР ВО ТУРЦИЈА ОД 40 ДЕНА - еве што соопшти Министерството за правда

НА ПАЛЧО МУ Е ОДРЕДЕН ПРИВРЕМЕН ЗАТВОР ВО ТУРЦИЈА ОД 40 ДЕНА - еве што соопшти Министерството за правда

Во дописот од Републичкото Јавно Обвинителство Беликесир - Турција информираат дека на лицето Љупчо Пелевски, кој со потерница беше уапсен за кривично дело „Намерно убиство на дете“, согласно Законот 6706 член 14, со цел да се обезбеди екстрадиција на лицето во наведената земја ( РСМ), согласно член 16 од Европската конвенција за екстрадиција на криминалци, му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена.

Ова соопштение пристигна од Министерството за правда, без да се дадат повеќе детали, а особено она што го очекува целата македонска јавност, имено, кога ќе биде екстрадирано ова лице кое се сомничи за едно од најтешките кривични дела. 

Слично

Поврзани вести