На овој патен правец сообраќајот се одвива по една лента
Од 19.30 часот на магистралниот пат Скопје - Долно Блаце кај м.в„Вражји вир“ сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента поради одрони на камења на неколку места, стои во соопштението на АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.
Слично
