Економија, финансии, бизнис

Контакт

На овој патен правец сообраќајот е во прекин во двата правци

На овој патен правец сообраќајот е во прекин во двата правци

На патниот правец Р1202 Маврово–Дебар на делот од Мелнички мост до с. Долно Косоврасти, поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање), на 16.06.2017 (петок), сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци од 13.00 до 17.00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, информираат од АМСМ. 

На 05.06.2017 година од 17:00 часот сообраќајот по регионалниот пат „Тетово -ГП.Јажинце“ е во прекин кај с.Порој поради излевање на Поројска река. Сообраќајот се пренасочува. 

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.

Слично

Поврзани вести