Економија, финансии, бизнис

Контакт

На овој датум доаѓаат снег и студено време: Во наредните денови, силен зимски бран, а за Нова Година ќе имаме...

На овој датум доаѓаат снег и студено време: Во наредните денови, силен зимски бран, а за Нова Година ќе имаме...

Денес ќе имаме променливо облачно и тивко со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.Во Скопје пак, променливо облачно и тивко, претпладне со појава на магла, соопштија од УХМР.

До вторник ќе се задржи стабилно и тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.

Но според најавите на Славчо Поповски вистинската зима е на прагот.

Македонија има шанси Новата 2026 година да ја пречека под снежна покривка, најавува метеорологот Славчо Попоски. Според неговите прогнози, снежната идила би можела да кулминира токму на полноќ, на 1 јануари 2026 година.

Како што објави Попоски на социјалните мрежи, целиот Балкан ќе биде зафатен од силен зимски бран, при што особено изразена снежна покривка се очекува во Македонија и Бугарија. Тој прогнозата ја илустрираше со фотографија која најавува вистинска новогодишна зимска атмосфера.


Слично

Поврзани вести