Економија, финансии, бизнис

Контакт

На овие броеви кај Народниот правобранител можете да пријавите повреда на избирачко право

На овие броеви кај Народниот правобранител можете да пријавите повреда на избирачко право

Утре на денот на одржување на првиот круг од локалните избори 2017, сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, од 7  до 19  часот ќе бидат отворени за граѓаните, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.

Освен лично во канцелариите граѓаните изборните нерегуларности ќе може да ги пријават и на телефонските броеви во Канцеларијата во Скопје на 02 3129-327 и 3129-367, во Битола на 047 242-310, во Кичево на 045 228-586, во Куманово на 031 431-488, во Струмица на 034 329-996, во Тетово на 044 344-082 и во Штип на 032 389-701.

Народниот правобранител Иџет Мемети  ја истакнува важноста на почитувањето на правото на слободно изразување на волјата на граѓаните, како едно од фундаменталните човекови права, што придонесува за создавање демократски и функционални институции за здраво демократско општество.

Слично

Поврзани вести