Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Орбан не му е гајле што Европа бара да го предаде Груевски

На Орбан не му е гајле што Европа бара да го предаде Груевски

Процедурата за доделување на азил на поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски, не е политичка туку правна работа на унгарските власти и Европскиот парламент (ЕП) не треба да ја разгледува како политичка, вели Золтан Ковач, државен секретар за меѓународна комуникација во кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан. 

Ковач за унгарските медиуми изјави дека ЕП го „пика носот таму каде што не треба да го пика“.

Европскиот парламент вчера ја повика Унгарија да го екстрадира Груевски. Според европратениците, унгарските власти со одлуката за азил на осуденото лице се вмешале во внатрешните работи на Македонија. ЕП усвои амандман со кој се повикуваат властите во Будимпешта да го решат случајот со Груевски што е можно поскоро.


Слично

Поврзани вести