Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Орбан му се пуштија да не ги наведува Македонците на инает во спорот за името

На Орбан му се пуштија да не ги наведува Македонците на инает во спорот за името

Европскиот портал Еурактив утрово го искритикува конзервативниот унгарскиот премиер Виктор Орбан откако се јави преку видео-врска за време на митингот на најголемата македонска опозициска партија преку која тој ги поздрави напорите на ВМРО-ДПМНЕ да го блокираат решението во спорот за името со Грција.

Еурактив истакнува дека пораките на Орбан се во спротивност со оние на другите демохристијански челници, како Елмар Брок, близок соработник на германската канцеларка Ангела Меркел, но и претседателот на ЕПП, Жозеф Дол, кој, исто така, изрази поддршка за “заеднички прифатливо решение“ за двете страни.

Еурактив го цитира грчкиот потпретседател на Европскиот Парламент и член на Сириза, Димитрис Пападимулис, кој Орбан го нарекува “тажен исклучок“ и вели дека речиси сите европски политички лидери и европратеници ги поддржуваат напорите на Заев и Ципрас да изнајдат решение за спорот.


Слично

Поврзани вести