Економија, финансии, бизнис

Контакт

На официјалната листа во Малта поканет Димитриев, а не Груевски

На официјалната листа во Малта поканет Димитриев, а не Груевски

Според официјалната листа на поканети гости на конгресот на Европската народна партија фигурира името на техничкиот премиер Емил Димитриев а не на Никола Груевски кој денеска беше снимен на аеродром во Турција.

Од партијата на екс премиерот соопштија дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ е заминат во Малта со партиска делегација која ќе биде дел од конгресот на Народната партија.


Сепак конгресот почнува за два дена, односно на 29 и 30 март, па оттука се поставува прашањето каде заминал Груевски во време на криза и дали сакал да избегне одговорност во моменти кога земјата треба да избере претседател на Собранието.

Во Малта се очекува да присуствуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, Претседателот на ЕК Јункер, и претседателот на ЕУ Доналд Туск.“

Слично

Поврзани вести