На обвинетите од СЈО им пречи што рочиштата се одвиваат брзо
Одбраната на дел од обвинетите од Специјалното јавно обвинителство се пожали дека рочиштата траат многу долго во текот на еден ден и на тој начин се забрзуваат, а претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, им одговори дека новиот Закон за кривична постапка (ЗКП) овозможува постапките да се забрзаат, особено во предметите каде што има услови за тоа. Покрај долгото време, адвокатите на обвинетите обвинија дека тие се одвиваат и по завршувањето на официјалното работно време.
- Времетраењето на рочиштата е регулирано со закон. Ништо не е прекршено од она што е предвидено во законот и во судскиот деловник, каде што стои дека почнатите расправи и рочишта во судовите се довршуваат и вршат по истекот на редовното работно време, рече Џолев на денешниот брифинг со новинарите.
Додаде дека, докулку процени, судијата тоа право може и да го искористи.
