НА НОВИОТ ПАТЕН ПРАВЕЦ ТЕТОВО-ПРИЗРЕН: Македонија и Косово заеднички ќе го градат тунелот
Македонија и Косово заеднички ќе го градат тунелот на новиот патен правец Тетово-Призрен.
Потпишан е Договорот за изградба на заеднички тунел меѓу Република Северна Македонија и Косово, на новиот патен правец Тетово - Призрен.
Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми вели дека наскоро да го изберат проектантот за проектирање на заедничкиот тунел меѓу двете земји.
„Ние како Јавно претпријатие за државни патишта имаме и многу други проекти и една извонредна градежна инфраструктурна фаза во Република Северна Македонија. Проекти во вкупна вредност од 2 милијарди евра коишто моментално се во процедура или во фаза на изградба. Во процес е и изградбата на Коридор 8 и Коридор 10д, кои ја поврзуваат Република Северна Македонија со Република Албанија, но во исто време инвестираме и ги рехабилитираме сите патишта кои не поврзуваат со нашите соседи. Еден од патиштата што ги градиме е и автопатот што го поврзува Скопје со Блаце, каде ги завршуваме првите 2 километри, а изработивме проект и сме во фаза на тендер и избор на компанија за изградба на вторите 10 километри од автопатот, со што ќе имаме исклучително добра автопатска врска со Република Косово. Овој автопат истовремено ќе биде поврзан со Коридорот 8 кој ја поврзува Република Бугарија со Република Албанија. Со заедничкиот тунел што ќе го градиме, а кој е 6,4 километри и кој ќе биде дел од Коридор 8 ја подобруваме патната инфраструктура меѓу соседните земји во регионот и меѓу градовите Скопје, Тирана и Приштина“, вели тој.
Министерот за
животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Република Косово,
Либурн Алиу се заблагодари на двата тима и се надева на бро завршување на проектот.
