На „Независни заедно“ го немаше логото на избирачките ливчиња, ДИК велат дека обвинувањето е неосновано
„Независни заедно“ реагираа дека на избирачките места во општина Центар е забележана сериозна нерегуларност во изборниот материјал – нивното логото не било испечатено на гласачките ливчиња за градоначалници и советници.
Посочуваат дека тоа е спротивно на членовите 97 став 1 и 98 став 1 од Изборниот законик, со што нивните кандидати биле ставени во нерамноправна положба и им било нарушено еднаквото избирачко право.
„Оваа неправилност е констатирана на целата територија на општина Центар и може да претставува основа за поништување на изборите во оваа општина,“ реагираат од „Независни заедно“.
Поднеле и приговор до Државната изборна комисија (ДИК).
Во прилог, тие доставија фотографија од избирачката листа и скриншот од електронската пошта преку која, уште на 11 септември 2025 година, било испратено логото до Општинската изборна комисија (ОИК).
ДИК пак, неофицијално велат дека обвинувањето им е неосновано и дека ќе има дополнително објаснување.
