Економија, финансии, бизнис

Контакт

На неколку патни правци има намалена видливост

На неколку патни правци има намалена видливост

Намалена видливост има на повеќе патни правци во земјава. 

До 150 метри видливост поради магла има во Битола, Прилеп и Ресен, додека во Тетово видливоста е 50 метри, информираат од ЈП „Македонија пат“. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината, а информираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Слично

Поврзани вести