На Насер Селмани му се заканиле дека ќе му го запалат семејството
Членови на семејството на претседателoт на Здружението на новинарите, Насер Селмани, добивале закани по телефон од непознати лица.
Селмани денеска даваше исказ во Обвинителството во врска со случајот со Бејтула Асани, братот на функционерот на ДУИ, Бекир Асани.
„Додека бев на службен пат, непознати лица се јавувале кај мои роднини и им се заканиле дека ќе го запалат целото семејство“- вели Селмани.
Претседателот на ЗНМ, ги повика сите новинари да не се плашат и да ги пријавуваат заканите, а инстиуциите да ги расветлат случаите.
Неодамна на протест Селмани порача на властите да си ги „врзат нивните кучиња да не касаат“.
Слично
