Економија, финансии, бизнис

Контакт

На најлудата ноќ полицајците апселе за марихуана, а имало и сообраќајки, но без жртви

На најлудата ноќ полицајците апселе за марихуана, а имало и сообраќајки, но без жртви

На новогодишната ноќ полицијата апсела за пронајдена марихуана, дроги, а имало и сообраќајќи, но за среќа, без жртви.

Еве што соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 31.12.2019 во 22.45 часот на ул.„Седек Костоски“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.С.(20) од с.Здуње, гостиварско, А.Р.(21) од с.Дебреше, гостиварско, и Ф.А(19) од с.Чегране, гостиварско, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.12.2019 во 21.25 часот на ул.„Минела Бабуковски“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Р.(29) од Битола, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“. При претрес во неговиот дом, пронајдени се и одземени пиштол „црвена застава 99“, кал.9мм и една рамка со 15 куршуми за истиот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.12.2019 во 17.40 часот на бул.„Јане Сандански“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.12.2019 во 22.15 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Тетово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.01.2020 околу 00.30 часот на бул.„Октомвриска револуција“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.А.(24) од Куманово и патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(26) од Куманово. По незгодата, лицата од патничкото возило „ауди“ се пренесени во Општата болница Куманово, каде на сопатникот Б.П. му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против А.П.(43) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На  19.09.2019 во домот на неговиот татко на ул.„1 Мај“ во Радовиш, полициски службеници извршиле претрес, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 31.12.2019 во 14.50 часот на магистрален пат Штип – Кочани, во с.Чардаклија, штипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес спринтер комби“, со струмички регистарски ознаки, управувано од А.А.(32) од Струмица и трактор „имт-539“, со штипски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(78) од с.Чардаклија. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Н., кој бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.С.(45) од с.Гошинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 02.09.2019 во с.Оризаре, пријавениот, без регистрирана дејност и без лиценца, со товарно возило „мерцедес“ вршел јавен превоз на огревни дрва со испратница издадена од фирма од с.Гошинце, општина Липково. 

На 31.12.2019 во 18.15 часот на крстосница од магистрален пат с.Подмолје-Ќафасан со ул.„Мислешевски пат“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „застава југо“, со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(47) од с.Волино - Општина Дебарца и патничко возило „фолксваген амарок“, со германски национални ознаки, управувано од Б.Р.(20) од СР. Германија. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.Т., кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Струга.

На 31.12.2019 во 11.30 часот во СВР Скопје, С.З.(59) од Скопје, пријавил дека на патека на ул.„Кеј 13 Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.


Слично

Поврзани вести