Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА НАЦИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ НАСКОРО КАМПАЊА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД: Досега се пријавени околу 150.000

НА НАЦИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ НАСКОРО КАМПАЊА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД: Досега се пријавени околу 150.000

Со поддршка на УНИЦЕВ снимани се рекламни спотови, а во капањата за имунизација на населението против Ковид-19 се вкличени Министерство за здравство, Канцеларијата на ЕУ, Владата.

Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека уште пред неколку месеци е договорена соработка со националните медиуми на кои ќе биде презентирана кампањата за вакцинација против корона вирусот.

Од страна на сите чинители е подготвена силна и агресивна кампања имајќи пред вид што се случува во останатите земји, како Германија, Србија, каде интензивно се работи на подигање на свесноста. Искрено верувам дека со тоа што сега се соочуваме и на она што бевме сведоци, да имаме сериозна работа со болест за која што нема ниту специфичен лек, а до скоро немаше ниту вакцина, ќе биде дополнителен фактор кој кај граѓаните ќе ја зголемува волјата за вакцинација. Околу 150.000 граѓани во моментов се пријавени на страницата за вакцинација, а тоа што забележавме дека при секое пристигнување на некоја одредена количина на вакцини има зголемување на бројот на граѓаните кои се пријавуваат, така што интензивно ќе работиме на тоа поле во скедниот период.

Во однос на количините на вакцини, Филипче рече дека се пристигнати и останатите дози од Спутник V, 13.000 за ревакцинација на вработените во државната инфраструктура, а освен тоа уште еднаш даде детално објаснување за динамиката со која ќе пристигнуваат вакцините во Македонија.

-Ова е заокружување на тие 20.000 вакцини што беа предвидени. Што се однесува до кинеските вакцини, тие се пристигнати во Истанбул и треба да тргнат на пат за нашата земја.  Исто така, секој следен понеделник во мај се предвидени од 5.000 до 7.000 вакцини од Фајзер, со што ќе дојдеме до бројката од вкупно 26.000. Во контакт сме и со Ковакс системот за доставата на дополнителните вакцини од АстраЗенека, околу 76.000, како и Спутник V, што треба директно да пристигнат од Русија, рече министерот.

А.Б.

Слично

Поврзани вести