НА МЛАДИОТ ПЕТАР МУ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ: Со години се бори со ретка болес, сега треба да се оперира во Турција
На младиот Петар му е потребна помош и поддршка од хуманиот македонски народ.
Петар има 22 години, но боледува од ретка болест која доцна му е откриена.
Поради влошување на неговата состојба потребна му е операција, но истата мора да се направи во Труција, а неговото семејство нема доволно финансии да го испрати на лекување младото момче.
Мајката на Петар, Гордана Поповска, преку својот Фејсбук профил ги замолува сите кои се во можност да помогнат со донација за да може поскоро да го испрати своето дете на лекување.
- Почитувани пријатели,ова е мојот син Петар има 22 год и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Како последица од ненавреме поставена дијагноза, денес Петар има сколиоза за која е потребна хирушка интервенција. Истата не може да се изведе во Македонија, па затоа мора да се оперира во Турција за која се потребни околу 50 илјади евра. Финансиски не сме во можност да ја собереме потребната сума и приморани сме на овој начин т.е. со донации . Затоа ве молам, хумани луѓе донирајте кој е во можност да помогне и на некој начин да придонесе успешното лекување на Петар.
Број на трансакциска сметка 270-7000821760.21
Гордана Попоска HALKBANK
IBAN:MK07270700082176215 SWIFT:EXPCMK22
Броеви за донации преку домашните телефонски оператори:
А1 : 143460
Телеком :143 128
линкот за странство https://gofund.me/03bc7b3c - пишува во објавата на Гордана.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
