На млад скопјанец му се слошило и починал пред домашните
Синоќа млад скопјанец на 35 години починал пред домашните откако претходно рекол дека му се лоши.
„На 21.06.2024 во 20.10 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ без знаци на живот бил донесен Е.Д.(35) од Скопје“, објави МВР.
Според изјавата на неговиот татко, на Е.Д. му се слошило во домот, по што бил донесен во болницата, каде што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Слично
