Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Мијалков му е укинат куќен притвор

На Мијалков му е укинат куќен притвор

Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, се „ослободи“ од првиот куќен притвор откако Врховниот суд му го укина со решение за случлајот „Империја“. Засега Мијалков останува дома, откако вчера му беше одреден куќен притвор за случајот „Титаник 2“ со укинување на неговиот престој во истражниот затвор Шутка.

-Поради зголемениот интерес на медиумите во врска со предметот познат под името „Империја“, ја информираме јавноста дека Врховниот суд на Република Северна Македонија на 27 март 2019 година, донесе решение по предметот заведен под ВКЖ1.бр.19/2019, со кое ја уважи жалбата на бранителот на обвинетиот С.М., адвокат Љупчо Шврговски од Скопје и решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ.бр.116/19 од 28.02.2019 година го преиначи на начин што ја укина мерката куќен притвор и го пушти обвинетиот да се брани од слобода веднаш по приемот на решението.

Решението е донесено согласно начелното правно мислење утврдено на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија одржана на 30.01.2019 година, а бидејќи мерката куќен притвор спрема обвинетиот С.М. е определена по барање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое нема својство на овластен тужител во оваа постапка.

Делот од решението со кое се наредува обвинетиот С.М. веднаш да се пушти да се брани од слобода се однесува на извршувањето на решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ.бр.116/19 од 28.02.2019 година, информираат од Врховниот суд.

Мијалков засега е осуден првостепено само за случајот „Титаник 2“ на тригодишна казна затвор за влијание над Државната изборна комисија за прегласување во Струмица на локалните избори во 2013-та.

Истиот ден кога беше осуден, судот му испрати и решение да се јави во истражниот затвор Шутка во притвор.


Слично

Поврзани вести