На Мијалков и Јанакиески им е комотно во Шутка, но во Идризово би било тесно
Сашо Мијалков, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски треба да се чувствуваат комотно во истражниот затвор во Шутка, во однос на она што ги очекува во КПД Идризово доколку бидат осудени за неколкуте обвиненија за кои се товарат од СЈО.
Според последните податоци на Управата за извршување на санкции во притворот Скопје, каде што се наоѓаат поранешниот директор на УБК, екс-министерот за транспорт и врски и некогашниот генерален секретар на Влада, објавени во март годинава, таму има капацитет за 128 лица, а принудно престојувале 65.
Ситуацијата е целосно спротивна во затворот во Идризово, каде што во март 2018 биле евидентирани 1.223, а имало место само за 1.094 правосилно осудени. Тоа е сепак доста подобра ситуација, кога станува збор за комодитетот, во однос на 2016-та кога во еден момент имало 2.600 затвореници. Новите власти водат политика на олеснување на капацитетите со тоа што се бараа начини како затвореници со полесни престапи да се испуштат предвреме со платена кауција, на што ннаиде на многу негативни коментари кај актуелната опозиција.
Надминат број во однос на капацитетот имало и во КПУ Тетово и КПД Штип. Во Тетово имало 64 притворено, а место за 48-мина, додека во Штип имало 253-ца, а место за 210.
