На Мијалков денеска му застаре уште едно дело
На поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков денеска му застаре уште дело, откако Апелационен суд во понеделникот ја одложи седницата за „Титаник 2“ за 13 април.
На ова рочиште требаше да биде донесена пресуда за поранешниот директор на УБК, но тој нема да биде осуден за учество во изборни нерегуларност на локалните избори во 2013 година, бидејќи кривичното дело застарува денеска.
Случајот „Титаник 2“ се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година во Општина Струмица.
Осносвниот суд за стореното кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ го осуди Мијалков на казна затвор во траење од две години, во која се пресметува и времето поминато во притвор.
Претходно Апелациониот суд Скопје во ноември 2019 година, поради суштествени повреди на постапката, ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно одлучување.
