На местото на министрите во влада влегуваат шест нови пратеници
Шест нови пратеници ќе седнат во пратеничките столчиња откако стана јасно дека дел од пратениците на СДСМ ќе преминат во извршната власт.
Така на листата како пратеници во Собрание ќе дојдат претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, Никица Корубин од ЛДП, Мирослав Јовановиќ, Славица Шуманска – Митева, Сашко Атанасов и Бети Рабаџиевска – Наумовска.
Лилјана Поповска седнува на местото кое беше резервирано за Дамјан Манчевски како дел од пратеничката листа во првата изборна единица, наместо Рената Десковска во столче ќе седи Никица Корубин.
Мирослав Јовановиќ од втората изборна единица доаѓа како пратеник во новата влада на местото на Оливер Спасовски .
Љупчо Николовски кој беше носител на ИЕ3 со тоа што заминува како министер во земјоделство, местото и го отстапува на Славица Шуманска – Митева.
На местото на Заев од четвртатат изборна единица доаѓа Сашко Атанасов а местото на Радмила Шекеринска во петката ќе го земе Бети Рабаџиевска – Наумовска.
