НА МЕСТО ЗА ИНДИВИДУАЛНИ КУЌИ НИКНУВААТ СТАНБЕНИ ЗГРАДИ - Ана Петровска најавува борба против бетонски чудовишта во Пржино
Граѓанската иницијатива за Пржино заедно со
Ана Петровска се борат против бетонски чудовишта, а за еколошка населба. Против
грдосии од згради на ерозивен терен, кајшто падна потпорен ѕид, при
нефункционална инфраструктура и поплавени улици, со руиниран општински центар, соопшти кандидатката за градоначалник на Скопје, Ана Петровска.
„Во Пржино урбаната мафија измислила иновација: како на место за индивидуални станбени куќи да никнат станбени згради. Се ситни градежната парцела и на секоја се прави по една куќа. Во стварност добиваме бетонски чудовишта! Само кога ќе се почитува правото за хумано живеење, само тогаш Скопје ќе може да дише! Скопје мора да биде зелен хуман град!“ категорична е Ана Петровска.
Слично
