Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Мелнички мост ќе се вози по една лента

На Мелнички мост ќе се вози по една лента

Сообраќајот на магистралниот пат Маврово – Дебар, на Мелнички мост, од денеска до понеделник ќе се одвива по една коловозна лента, наизменично, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Ова е поради изведување работи на пат.  И делницата помеѓу Бистренци – Корешница на регионалниот патен правец Војшанци – Бистренци – Корешница, од денеска до сабота ќе биде затворена за сообраќај за сите видови возила поради изведување градежно-асфалтерски работи.

Сообраќајот утрово на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Слично

Поврзани вести