Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Манкиноски во јуни ќе му се суди за поставување на „Сонцето од Кутлеш“ на Самоиловата тврдина

На Манкиноски во јуни ќе му се суди за поставување на „Сонцето од Кутлеш“ на Самоиловата тврдина

Судењето на адвокатот Тони Менкиноски во Охридскиот суд за поставување на знамето „Сонцето од Кутлеш“ на местото Долна Порта во Охрид на 27 април, кога група граѓани се собраа во знак на поддршка на осудените кои упаднаа во Собранието. На адвокатот ќе му се суди за нарушување на јавниот ред и мир.

Адвокатот познат по тоа што ги застапува Македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур поседува 40-метарско знаме со „Сонцето од Кулеш“, а еднаш веќе беше во конфликт со полицијата откако за време на празникот Богојавление го постави на Самоиловата тврдина. Менкиноски тогаш доби прекршочна пријава за нарушување на јавен ред и мир.

Менкиноски сам се прјавил во охрдската полиција дека е одговорен за поставувањето на знамето. Тој ја презема целата одговорност за настанот и тврди дека овој случај не може да биде третиран како нарушување на јавниот ред и мир, оти од него никој не бил вознемирен.



Слично

Поврзани вести