На македонските и бугарските бизнисмени им треба Коридорот 8
Македонско-бугарската стопанска комора ги поздравува напорите на владите на двете земји за побрза изградба на Коридорот 8, кој транспортно треба да ги поврзе Македонија и Бугарија.
Комората ги поттикнува финансиерите што побрзо да се вклучат во кредитирањето на овие инвестиции, особено во гаранциите за бугарските и македонските градежни компании кои би биле референтни и способни да учествуваат во овој голем инвестициски проект.
Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија Никола Попоски и Кристијан Вигенин заеднички му пишаа на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, ветувајќи дека ќе ги интензивираат напорите за промовирање на добрососедските односи и соработка, вклучително и преку проекти и иницијативи кои би можеле да имаат практична вредност не само за двете земји, туку и за целиот регион.
Освен ова, Попоски и Вигенин побараа поддршка од Европската комисија за реализација на инфраструктурните проекти за поврзување на двете земји, меѓу кои и Коридорот 8.
Од Македонско-бугарската стопанска комора оценуваат дека потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија ќе биде посебен стимул за евроатланскиот пат на Македонија.
Слично
