Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Македонец во Мичиген му се суди за убиство на цимерот со нож

На Македонец во Мичиген му се суди за убиство на цимерот со нож

Јовица Николоски(22) е обвинет за убиство на својот цимер Спасе Граждани во Вестленд, во Мичиген. 

Како што пишуваат медиумите од Мичиген, убиството се случило на 9 септември, кога полицијата го пронашла телото на 25-годишниот Граждани со убоди од нож.

Според полицијата, по расправија меѓу нив, Николоски го избодел со нож Граждани рано изутрината, се истуширал и на неколку часа заминал од станот. Околу пладне се вратил и ја повикал полицијата.

Николоски за убиството од прв степен се соочува со доживотна казна затвор. 

Тој се појавил на суд пред десет дена, а ќе се врати во судница во октомври затоа што неговиот адвокат побарал дополнително време за да ги собере документите и информациите што се однесуваат на случајот. 

Слично

Поврзани вести