Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ЛОТАРИЈА ЌЕ СЕ ВЛЕЧАТ ТЕРМИНИТЕ ЗА ГЕРМАНСКИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Амбасадорката Холштајн со детали

НА ЛОТАРИЈА ЌЕ СЕ ВЛЕЧАТ ТЕРМИНИТЕ ЗА ГЕРМАНСКИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Амбасадорката Холштајн со детали

Од февруари следната година секој месец ќе се применува лотарија за издавање термини за германски визи, соопшти денеска Анке Холштајн, амбасадорка на Германија во Македонија. Амбасадорката вели дека со ова се подобрува системот на доделување термини за таканаречените визи за Западен Балкан. Секако потврдува и дека има преголем интерес за термините.
„Поради Вашите многубројни реакции и сè уште многу големиот интерес за термини за поднесување на барање за виза, од февруари 2022 година секој месец ќе се применува постапка на лотарија. За таа намена, во февруари за првпат ќе се отвори нов список за регистрирање, кој ќе биде неприкинато отворен за подолг период (најверојатно за околу две недели). Потоа, по случаен избор, со помош на компјутерски управуван генератор во лотариска постапка, од сите регистрации ќе се извлечат оние, на кои ќе им се додели термин за месец март 2022 година, вели Холштајн.
Додава дека подетални информации има на веб страната на амбасадата. 

Како и секогаш, поопширни информации може да најдете на нашата веб-страната на амбасадата.

Слично

Поврзани вести