Економија, финансии, бизнис

Контакт

На локалните Тунтев очекува победа, Милошоски пак вели ќе имаат најмногу градоначалници

На локалните Тунтев очекува победа, Милошоски пак вели ќе имаат најмногу градоначалници

Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ денеска изјави дека очекува убедлива победа на нивните кандидати за градоначалници и листи за советници на локалните избори на 15 октомври.

Тунтев вели СДСМ  е подготвен за локалните избори што по промената на централната власт, ќе донесат промени и на локално ниво. 

„Поддршката што граѓаните ја даваат на СДСМ и проектите што носат живот за сите, секојдневно расте. Тоа е видливо и од нашите секојдневни средби со граѓаните и од општата атмосфера на слобода што владее во изминатите два месеца. Со победата на СДСМ на претстојните локални избори, започнатиот процес на реформи и ослободување ќе продолжи и на локално ниво“- изјави Тунтев. 

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ е целосно подготвена за настап на локалните избори, најави денеска пратеникот Антонио Милошоски. 

„Очекуваме со нашата програма и кадровска понуда да освоиме најголем број на гласови на локалните избори, најголем број на советници во споредба со другите политички партии и најголем број на градоначалници споредбено со другите политички коалиции“- вели Милошоски. 

По повод распишувањето на локалните избори, ЦИВИЛ – Центар за слобода уште еднаш потсетува на обврските на институциите и учесниците во изборната трка дека мораат до максимум да ги почитуваат демократските стандарди за спроведување слободни избори.

Слично

Поврзани вести