Економија, финансии, бизнис

Контакт

На ливада во Конопница е најдена облека и дел од човечки труп

На ливада во Конопница е најдена облека и дел од човечки труп

Пронајден e остаток од човечки труп кај Крива Паланка. 

Во ливада во атарот на селото Конопница, вчера попладне e пронајден дел од човечки труп, соопшти полицијата. 

Во текот на вчерашниот ден по 17 часот во полициската станица во Крива Паланка е пријавено дека во ливада во Конопница се пронајдени облека и дел од човечки труп.

„Веднаш бил известен јавен обвинител, увид извршила екипа на ОВР Крива Паланка, а ќе биде извршена обдукција“, информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово, Ивана Младеновска.

Се работи на расчистување на случајот. 

Слично

Поврзани вести