На Ленин Јовановски не му пречи короната, отиде на гости кај шеик во Катар
Пандемијата не го спречи Ленин Јовановски, претседателот на мото клубот Ноќни Волци и претседателот на здружението „Слобода Превоз“, да отиде на гости кај шеикот Насер Бин Калифа ал Атијах.
Јовановски, кој е познат и по тоа што неколку пати се има сретнато со рускиот претседател Владимир Путин, објави фотографии на социјалната мрежа „Фејсбук“ но не кажа кој е мотивот на неговото гостување во Доха.
- Во Доха - Катар на покана од NASSER BIN KHALIFA AL ATTIYAH член на едно од трите најмоќни семејства кои управуваат со Катар. Дружење, забава, храна, сонце, пустина, напиша Јовановски на „Фејсбук“.





Слично
