Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Ламбе Алабаковски му е одземен пасошот, тој е на слобода

На Ламбе Алабаковски му е одземен пасошот, тој е на слобода

Пејачот Ламбе Алабаковски доби судска мерка за претпазливост - одземање на пасошот, а неговиот притвор заврши и тој е на слобода. Одлуката ја донесе Кривичниот совет на Судот во Битола.

Веста за битолскиот портал Апла.мк ја потврди адвокатот на Алабаковски, Дарко Стефановски. Алабаковски е осмничен за подметнување пожар во таканаречениот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, а како изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, користејќи негови иницијали, тој во полиција го признал делото. Пејачот пред два - три месеци се врати од САД.  Судија на претходна постапка му одреди 8 дневен притвор, кој беше заменет со куќен притвор, со образложение дека постои можност за бeгство затоа што пејачот има двојно државјанство, македонско и на САД каде живееше до неодамна. Обвинителството го сомничи Алабаковски за кривичното дело Предизвикување општа опасност по член 288 став 1 за што е предвидена казна затвор од 6 месеци до 5 години.

Слично

Поврзани вести