Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НА КУТРАВА ГОСПОЃА, НИКОЈ НЕ И КАЖАЛ....“ Професорот Дескоски за грчката европратеничка Латинопули

„НА КУТРАВА ГОСПОЃА, НИКОЈ НЕ И КАЖАЛ....“ Професорот Дескоски за грчката европратеничка Латинопули

Професорот Тони Дескоски со реакција за грчката европратеничка  Латинопули, која вчера рече дека ние сме лажни а таа е вистинска Македонка.

„На кутрава госпоѓа никој не и кажал дека врвен национален приоритет на нејзината земја е посебноста на македонскиот јазик од бугарскиот.

Во спротивно, ако ние се “побугарчиме” како што таа мисли, ќе добијат две Бугарски држави на својата северна граница.

Затоа Грција при нашиот прием во ОН, ни го блокираше само впишувањето на знамето во личната карта, но не и македонскиот јазик.

За жал, тоа беше многу слабо познато во нашата јавност, но и кај политичките елити од 2006 година наваму, па тие со сите сили (бесцелно) се бореа за признание на македонскиот јазик од Грција.


Слично

Поврзани вести