НА КУЛАТА ВО БЕЛГРАД - СВЕЌА И МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СО ЦРНА ПАНДЕЛКА: И Србија прогласи ден на жалост
Белград испрати силна порака на солидарност и сочувство кон Македонија по трагедијата во Кочани, во која животот го загубија дури 59 млади луѓе во катастрофален пожар во импровизирана дискотека.
На кулата во „Београд на Води“ вечерва беше испишана пораката „Србија е со Македонија“, а на фасадата беше проектирано македонското знаме со црна панделка, запалена свеќа, симболи во чест на загинатите.
Пожарот кој одзеде млади животи ја потресе Македонија и регионот, а изрази на сочувство пристигнуваат од сите страни.
Белград уште еднаш покажа дека стои покрај македонскиот народ во најтешките моменти.
Слично
