Економија, финансии, бизнис

Контакт

„На крајот ќе видите, ќе ги внесат Бугарите во Уставот“: Крмов вели народот е повторно излажан

„На крајот ќе видите, ќе ги внесат Бугарите во Уставот“: Крмов вели народот е повторно излажан

Пратеникот од редовите на „Левица“ во телевизиско гостување истакна дека како претставник на партијата, тие никогаш нема да гласаат за внесување на Бугарите во Уставот. 

- Дали со тие 81 ќе го извадат, ќе го поништат Преспанскиот договор? Ете, остана неодговорено, а тоа значи НЕ. Нека чуе народот и нивното членство, што беше излажано по не знам кој пат и ги гласаше за наводно да ја спасуваат државата! Нека знае! Со двотретинско мнозинство нема да го поништат Преспанскиот договор - истакна пратеникот Крмов при гостувањето во ,,24 Анализа" на ТВ 24.

Крмов го истакна ставот на Левица по однос на внесувањето Бугари во Устав. 

- По никоја цена Бугари во Устав - НЕ! А јас слушнав само еуфемизми - ние ќе вртиме, ќе вртиме околу темата и, еве, на крајот ќе видите, ќе ги внесат Бугарите во Уставот. Апсолутно! Прво ќе почнат со тие, не знам колку им се, услови, потоа условите ќе паѓаат еден по еден додека тоа не се случи. По мои проценки, еве, 61 тврдат дека имаат, ЗНАМ има 6, тука 14 сега, од 13, на ВЛЕН. Тоа се 81. Тоа е повеќе од доволно за Бугарите во Уставот - појасни Крмов.

Еве го извадокот од неговото излагање.

Слично

Поврзани вести