Економија, финансии, бизнис

Контакт

На која возраст беа десетте граѓани што ја изгубија битката со короната - ова се податоците

На која возраст беа десетте граѓани што ја изгубија битката со короната - ова се податоците

Изминатово деноноќие беше едно од најцрните во земјава.

Дури десетмина наши сограѓани ја изгубија битката со коронавирусот.

Како што соопшти Министерството за здравство, починати се 10 лица, двајца пациенти од Скопје (60 и 66г), еден од Куманово (64г), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87г) двајца од Тетово (75 и 53г), еден од Струга (55г), еден од Струмица (83г) и еден пациент од Крива Паланка (80г). Од нив 1 пациент е починат вонболнички услови, останатите 9 се починати во болница.

Дури 5.555 наши сограѓани се активни, односно во моментов ја водат битката со опасното заболување.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23628, бројката на оздравени пациенти е 17239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5555“, велат од Министерството за здравство.

Слично

Поврзани вести